Роденденска торта

0
344

Состојки:

За тестото:

4 јајца

250 г брашно

100 г кафеав шеќер

100 мл зејтин

150 мл млеко

1 ванилин шеќер

1 прашок за пециво

За филот:

2 пудинга од ванила

200 г путер

1 шлаг

500 г јагоди

Приготвување:

  1. Изматете ги јајцата и шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги млекото и зејтинот и потоа полека додавајте ги брашното и прашокот за пециво. Ставете ја смесата да се пече во подмачкан плех, во загреана рерна на 180 степени.
  2. Во меѓувреме, подгответе го филот. Сварете го пудингот на вообичаениот начин и додадете го путерот.
  3. Кога ќе се испече тестото, само истурете го филот одозгора, наредете ги јагодите и премачкајте ја со шлагот.