Ролат без печење

0
293

Состојки:

1 путер

1 јајце

200 г кафеав шеќер (ако имате од покрупниот шеќер, ви препорачуваме да го смелите за да не ви крцка.

250 г мелени бисквити

250 г сечкани желе бонбони

250 г сечкани ореви

250 г суво грозје

50 г бело чоколадо

50 г црно чоколадо

Приготвување:

  1. Се мешаат мелените бисквити и сите останати состојки и се формира смеса која се обликува во ролати.
  2. Чоколадото се топи такашто се додава малку млеко и путер (посебно белото и посебно црното чоколадо) и се прелива врз ролатите.
  3. Се оставаат во фрижидер за да се стегнат.