Ролни со цимет од три состојки

Едноставност во најдобриот облик е она што можеме да го кажеме за овој миризлив десерт.

0
974

Ролнички со цимет, крцкави и вкусни а можете да ги направите од кое било тесто за пита што вообичаено си го правите или можете да го направите според нашиот рецепт. што ќе го најдете тука.

Состојки:

Тесто за пита

3 лажици шеќер

3 лажички цимет

Путер по желба

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  2. Развлечете го тестото на правоаголник со димензии од 30 x 20 cm, и дебелина 1/2 cm
  3. Поросете го со шеќер помешан со цимет (по желба можете да го премачкате тестото со малку растопен путер пред ставањето на смесата од шеќер и цимет)
  4. Завиткајте го тестото тргнувајќи од работ и исечете го на тркалца со ширина од 2 – 3 cm
  5. Печете во загреана рерна 8 – 10 минути
  6. Послужете ги поросени со шеќер во прав.