Руски лек кој спасил милиони луѓе од тешки болести, а може да го применувате и за детоксикација

Заради специфичната функција, лимфниот систем е склон кон насобирање токсини па потребно е од време на време да се направи негова детоксикација, a за ова ви требаат околу 40 кг лимони. Колку е ефикасно не знаеме, ама тврдат дека на многумина им помогнало

0
408

Чистењето на лимфниот систем се спроведува два пати годишно, на есен и на пролет. Тоа особено им годи на луѓето со респираторни проблеми, кардиоваскуларни и бубрежни болести, како и лица со синдром на хроничен замор.

Детоксикација на лимфниот систем

Портокалот, грејпфрутот и лимонот се задолжени за чистење на лимфата. Овие плодови се богати со витамини и овошни киселини кои совршено ја чистат лимфата. Заради тоа во случај на настинка или грип се препорачува обилно консумирање на ова овошје кое го подобрува имунитетот.

За овој начин на чистење на лимфниот систем со сок од лимон е важно сокот да биде чист, без додаток на вода или шеќер. Се пие половина час пред оброкот или еден час потоа преку цевка за да не се оштети забната глеѓ. Потоа устата се плакне со вода во која е додадена лажика сода бикарбона. Тоа ќе ја неутрализира киселината во устата. За да го спроведете чистењето на лимфата со сок од лимон, ќе ви бидат потребни околу 200 плодови лимон.

Првиот ден користете – 5 лимони

Вториот ден  – 10

Третиот ден – 15

Четвртиот – 20

Петти ден – 25

Шести ден – 25

Седми ден – 25

Осми ден – 25

Девети ден – 20

Десетти ден – 15

Единаесетти ден – 10

Дванаесетти ден – 6 лимони.

Кај хроничните пациенти после првиот третман доаѓа до олеснување, а потоа болеста може да се врати. Во тој случај е потребно да се спроведе лечење по скратена постапка:

Првиот ден – се пие сок од 1 лимон

Вториот ден – сок од 2 лимони

Третиот ден – сок од 3 лимони

Четвртиот ден – сок од 4 лимони

Петтиот ден – сок од 5 лимони

Шестиот ден – сок од 4 лимони

Седмиот ден – сок од 3 лимони

Осмиот ден – сок од 2 лимони

Деветтиот ден – сок од 1 лимон

Во текот на девет дена ќе искористоте 25 лимони.

Сок од лимон, цвекло и моркови

Потребни се: 2 кг лимони (со кора, но без семки), 2 кг цвекло, 2 кг моркови, 2 кг калинки, 2 кг брусници, мед.

Исцедете сок од секоја намирница посебно, а потоа измешајте ги. Додадете мед и оставете сѐ во еден сад со капак во фрижидер. Земете 50 мл сок и разблажете го со 50 мл топла вода и пијте 10 дена секое утро на празен желудник. Потоа направете пауза од 5 дена. Повторете го ова во текот на следните 15 дена. Специјалистите го препорачуваат чистењето на лимфата со овој сок два пати годишно, на есен и во пролет.

Фото: Pixabey