Рустикален колач од островот Крк

Традиционалните колачи се секогаш најдобри. И кога станува збор за нашите, но и за туѓите. Така е и со овој традиционален рустикален колач од хрватскиот остров Крк.

0
321

Состојки за тестото:

250 г брашно

1 јајце

2 лажици шеќер

Прстофат сол

2-3 лажици млеко

Состојки за филот:

500 г овча урда

130 г шеќер

3 жолчки

3-4 лажици брашно

1 голем лимон

Шеќер во прав за декорација

Приготвување:

Сите состојки нека бидат на собна температура. Замесете тесто од сите состојки сѐ додека не престане да се лепи за прстите.

Поделете го тестото на 2 или 3 топчиња и оставете ги накусо да се одморат.

Во меѓувреме направете ја смесата за филот.

Урдата измешајте ја накратко со миксер. Жолчките измешајте ги заедно со шеќерот, додадете ја урдата, брашното и сокот од лимон. Соединете ги сите состојки во компактен крем.

Расукајте го тестото во круг. Премачкајте ги порцеланските тави за печење со путер и ставете го тестото кое треба да е 2-3 цм пошироки од работ на садот.

Ставете од филот врз тестото и преклопете ги рабовите за да не истече филот при печењето.

Печете околу 50 минути на 180°C. Откако малку ќе се олади колачот, поросете шеќер во прав.