Сѐ што мора да знаете пред да купите бадемово млеко

Сигурно веќе сте слушнале бројни „извештаи“ за бадемовото млеко, за неговите нутритивни предности и огромните количини вода кои се потребни за одгледување на бадем.

0
212

Затоа, неизбежно се поставува прашањето – дали бадемовото млеко е навистина супер-намирница како што често читаме или станува збор за обична „измама“? Еве што мора да знаете пред следното одење во продавница.

Бадемовото млеко не е богат извор на протеини

Вистина е дека јаткастите плодови содржат многу протеини но ова не важи за млекото што го добиваме од нив, бидејќи е тоа најчесто разредено со вода. Шолја обично млеко содржи околу 8 г протеини, додека шолја бадемово млеко има во себе само 1 г протеини. Ако одлучите во својата исхрана да воведете млеко од растително потекло, секако погрижете се да најдете други извори на протеини.

Адитивот карагенан не е толкава закана како што беше некогаш

Карагенанот е популарен „природен“ адитив кој се добива од морска трева, а се користи за згуснување на храна како јогуртот, сладоледот и млеката од растително потекло. Последните години често се поврзувал со заболувања како што се иритациите на системот за варење и воспалителните процеси, а се сметало и дека е потенцијално канцероген.

Меѓутоа, барем кога станува збор за бадемово млеко, повеќе не мора да се грижите премногу затоа што повеќето производители го исфрлиле карагенанот од своите производи.

Бадемовото млеко може да биде многу слатко

Иако станува збор за (моментално) многу популарна здрава намирница, бадемовото млеко нема секогаш да биде добро за вас – тоа зависи од видот на млеко што го купувате. Ако допрва се запознавате со бадемовото млеко, внимавајте затоа што бадемовото млеко најчесто е преполно со додадени шеќери кои можа да достигнат и до 16 г по шолја млеко. Вашата најдобра опција е всушност млекото со ознака „без шеќер“, но и тогаш секако проверете што пишува на пакувањето.

Внимавајте на содржината на калциумот

Кога ги споредуваме „обичното“ и бадемовото млеко, можеби изгледа како да имаат многу сличен процент на калциум, но информациите на пакувањето всушност не ви кажуваат сѐ. Имено, бадемовото млеко содржи калциев карбонат кој нашето тело потешко ги апсорбира од калциумот кој го наоѓаме во други извори како „обичното“ млеко.

Фото: Pixabey