Сакате партнер со кој ќе ги делите животот и сланината?

0
162

Дигиталниот свет не познава граници па често се среќаваме со разни креативни решенија што ни ги овозможува технологијата, а апликацијата Sizzl (од англискиот збор sizzle, чрчорење во текот на печењето) е едно од оние понеобичните. Станува збор за мобилна „дејтинг“ апликација, односно, апликација за наоѓање на партнер, но од многуте други се разликува по тоа што тука, најголем критериум за наоѓање сродни души е сланината!

Токму таа е и лајтмотив на апликацијата и се врти околу неа. КОга го правите својот профил на оваа апликација, наместо да одговарате на вообичаените прашања за своите преференци при изборот на партнер, тука одговарате на прашања за тоа каква сланина сакате, на кој начин најмногу ја сакате и слично. Всушност, оваа апликација е интересна маркетиншка кампања на американската фирма Oscar Mayer, позната токму по производство на квалитетна сланина. Идејата на оваа апликација е многу едноставна – да си го најдете идниот партнер, жена или маж кој сака сланина исто колку и вие.