Салата со брокули и сос од портокал

Оваа „виножито“ салата има преубава зелено-портокалова боја па е исто толку убава за очите, колку и за непцата

0
364

Состојки:

За преливот:
½ чаша кора од портокал
1/2 чаша сок од портокал, по можност свежо исцеден
1/4 чаша оцет
1 лажица маслиново масло
2 лажички свежо оригано или ¾ сушен
1 лажичка сенф Дижон
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка свежо мелен црн бибер

За салатата:

1 1/2 чаша сечкани пиперки
1 1/2 чаша расцепкани цветови од брокула
1 чаша рендан морков
1/2 чаша сечкани ротквици
1 лажица рендан црвен кромид
1/2 чаша сос од портокал и оригано

Приготвување:

1. Помешајте ги состојките за преливот.
2. Во сад за салата ставете ги брокулите кои претходно ќе ги ставите во зовриена вода и ќе ги варите 2-3 минути. Додадете ги и останатите состојки за салатата и прелијте ги со сосот за убаво да се натопат.