Салата и главно јадење, во едно

0
362

Состојки:

2 варени компири

2 конзерви туна

100 г грашок

1-2 раце свеж спанаќ

2 тврдо варени јајца

Прелив:

100 г павлака или кисело млеко

Сок од пола лимон

1 лажица мајонез од маслиново масло
1 млад кромид

Сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Прво сварете ги компирите, јајцата и грашокот, а туната исцедете ја од вишокот масло.
  2. Преливот подгответе го такашто ќе ги измешате сите состојки. (Ви препорачуваме мајонезот да го направите сами).
  3. Компирот исечете го на коцки и помешајте го со грашокот и 2/3 од преливот. Пробајте, зачинете и додадете ја туната, јајцата исечени на кришки и спанаќ по желба.
  4. Полека измешајте за да не се здробат состојките и прелијте со остатокот од преливот.
  5. Додадете го ситно исечканото младо кромитче и послужете. Оваа салата е подеднакво вкусна и топла и ладна.