Салата со леќа и спанаќ

0
571

Состојки:

Леќа

Свеж спанаќ

Младо кромитче

Моркови

Маслиново масло

Сол, црн пипер

Сок од свежо исцеден лимон

Магдонос

Приготвување:

  1. Накиснете ја леќата од вечер или нека отстои барем 2-3 часа во млака вода.
  2. Сварете ја леќата но да остане ал денте, а при крајот на варењето додадете ги и морковите.
  3. Спанаќот убаво измијте го исечкајте го или едноставно искинете ги ливчињата и ставете ги во еден сад заедно со сварената и исцедена леќа, морковите, младото кромитче и ситно сечканиот магдонос.
  4. Зачинете со сол, црн пипер, маслиново масло и сок од лимон.
  5. Измешајте се убаво и послужете со кисело млеко или со павлака.