Салата со модри патлиџани, леќа и манго

0
317

Состојки:

4 лажици маслиново масло

2 ½ лажички чили во прав

2 ½ лажички кари во прав

2 средни модри патлиџани, исечени на коцки

⅓ чаша сок од лимон

¼ чаша сок од домати

¼ чаша мед

¼ лажичка сол

¼ лажичка свежо мелен црн пипер

1 ½ чаша сварена леќа

2 млади кромитчиња, грубо исечкани

4 чаши исечкана марула

1 манго, излупени и исечено на парчиња

¼ чаша сечкани печени кикирики или индиски ореви

¼ чаша сечкан свеж кориандер

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 °.
  2. Измешајте 1 лажица масло со по 2 лажички чили во прав и кари во прав во голем сад. Додадете го модриот патлиџан и пропржете го, а потоа префрлете го во тепсија за печење обложена со хартија и печете околу 15 минути.
  3. Се комбинираат останатите 3 лажици масло, останатото чили и кари во прав, ⅓ чаша сок од лимон, сок од домати, мед, сол и бибер во голем сад. Додадете го печениот модар патлиџан, сварената леќа и младото кромитче и полека измешајте.
  4. Пред послужување додадете го исечканото манго, оревите, кориандерот и доколку сакате, исечкајте за одозгора едно младо кромитче.