Салата од ананас и морач

0
1577

Направете комбинација од овошје и зеленчук, што е повеќе љубовна напивка отколку салата. Ананасот е преполн со витамин Ц, кој што пак е многу ефикасен во борбата со импотенцијата. Морачот, пак, е природен извор на естроген, а ротквиците биле познат афродизијак уште во времето на египетските фараони. Дресингот ќе ја направи мешавината уште попривлечна: ѓумбирот ја подобрува циркулацијата, а сусамот е богат со аминокиселината арганин, која им е неопходна на половите органи за да продуцираат нитрооксид, кој ги проширува крвните садови.

Состојки:
(за 6 порции)
Прелив
1 лажица сок од лимон
1 лажичка мед
1 лажичка свеж, мелен ѓумбир
1 лажица масло од сусам
2 лажици семе од сусам или црно семе од сусам

Салата
1 главица морач со средна големина, ситно сечкан
1 шолја свеж ананас, сечкан
1 шолја ротквици, сечкано
2 зелени громиди, ситно сечкани
1 шолја авокадо, сечкано
3 шолји рукола

Приготвување:
1. За да го подготвите преливот, измешајте ги заедно сокот од лимон, медот и ѓумбирот во мал сад. Додајте ги маслото и семето од сусам, промешајте и додајте сол и бибер, по вкус.

2. За да ја приготвите салатата, измешајте ги морачот, ананасот, ротквицата и кромидот во поголем сад, потоа додајте го авокадото и зачинете со сол и бибер, по желба. Ставете ја руколата во чиниите за служење на салатата и покријте со смесата со ананас.