Салата од грашок и козјо сирење

0
378

Состојки:

500 г грашок (свеж или смрзнат)

свеж млад спанаќ по желба

30 мл вински оцет

50 мл маслиново масло

1 лажица сечкан анасон

100 г козјо сирење

1 сечкан кромид

сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Во лонец со врела вода го ставаме грашокот и го вариме околу 5 минути. Сварениот грашок го цедиме и оставаме да се излади.
  2. Во посебен сад го ставаме грашокот со ситно исечканиот кромид, лажичка сол, половина лажичка црн пипер, додаваме вински оцет, маслиново масло и се добро заедно мешаме.
  3. Ги додаваме и спанаќот и сечканиот анасон и сирењето па полека мешаме се заедно.