Салата од грав, пченка и пиперка

0
1136

Состојки:

250 г црвен грав
250 г пченка
1 црвен кромид
1 црвена пиперка

Маслиново масло

морска сол и бибер
лимон

Приготвување:

  1. Сварете го гравот, исцедете го и оставете го да се олади.
  2. Исцедете ја пченката доколку користите пченка од конзерва, можете веднаш да ја употребите
  3. Ставете ги во сад за салата, додадете крупно исечен кромид и пиперка, сол и бибер по ваш вкус и прелијте со маслиново масло и сок од лимон.