Салата од ракчиња со брокула

0
1266

Ова јадење оди добро во комбинација со ориз или тестенини.

Состојки:

За сосот:
4 лажици соја сос
1 лажица свеж сок од портокал
1 1/2 лажица лут сос
1 лажица кафен шеќер
1 лажица мелен ѓумбир
5 чешниња лук, ситно сечкани
2 лажички масло од сусам
1 лажичка пченкарно брашно

Додатни состојки
1 1/2 лажичка масло од сусам
1 кг ракчиња, излупени и исчистени
4 шолји брокули

Приготвување:
1. За сосот: Во мал сад измешајте ги соја сосот, сокот од портокал, лутиот сос, кафениот шеќер, ѓумбирот, лукот, маслото од сусам и пченкарното прашно и измешајте ги убаво.

2. За главното јадење: Загрејте го маслото од сусам во голема тава на средна температура и откако ќе се загрее додајте ги ракчињата и гответе додека поруменат, околу 3 минути. Додајте ги брокулите и продолжете да готвите со постојано промешување додека омекне боркулата, околу 3-4 минути. Додајте го сосот и промешајте убаво за да се прекријат ракчињата и брокулите. Гответе уште 1-2 минути или додека сосот згусне. Тргнете ја тавата од оган и веднаш послужете.