Салата од рукола со пропржени пињоли

0
255

 

Состојки:

1 китка рукола

2-3 ротквици

1 главица црвен кромид

1 лажица пропржени пињоли

Маслиново масло

Јаболков оцет

Сол, бибер

 

Приготвување:

  1. Измијте ја рукола и ставете ја во сад за салата.
  2. Додадете го кромидот исечкан на тркалца и ротквиците.
  3. Прелијте со маслиново масло и оцет, зачинете и поросете со пропржените пињоли
  4. По желба додадете и суво овошје, мед или пропржен сончоглед или семки од тиква