Салата од цвекло со песто од магдонос

0
1337

Слатката и земјена арома на цвеклото оди одлично со свежиот вкус на пестото во комбинација со свежо нане и семки од тиква. Оваа салата е богата комбинација од вкусови, а воедно и изгледа одлично на трпезата, поради силните бои на цвеклото и на пестото.

Состојки:
6 големи цвекла
3 чешниња лук
3 шолји свеж магдонос
1/4 шолја листови свежо нане
1/4 печени семки од тиква
1/4 шолја маслиново масло
сок од 1 лимон
сол

Приготвување:
1. Зовријте вода во тенџере со средна големина. Посолете ја водата, додајте го цвеклото и варете околу половина час, или додека да омекне. Исцедете ги и исплакнете ги под ладна вода, на тој начин лесно ќе ги отстраните лушпите со раце.
2. За пестото од магодонос и семки од тиква: Во блендер ставете го лукот, магдоносот, нането, семките, маслиновото масло, сокот од лимон и убаво изблендирајте. Зачинете со сол.
3. Ставете ги цвеклата врз чинија за сервирање и посолете ги малку. Додајте ги пестото и малсиновото масло, па декорирајте со нане и ливчиња магдонос. Послужете веднаш или оставете малку во фрижидер, па послужете изладено.