Салата со пињоли

0
318

Состојки:

1 домат

1 китка мечкин лук

Сирење по желба

Пињоли

Маслинки

Маслиново масло

Сол

Приготвување:

  1. Потпечете ги пињолите и оставете ги да се оладат додека ја правите салатата.
  2. Во чинија ставете го доматот исечен на тркалца, а одозгора ставете го сирењето. Исечкајте го мечкиниот лук, ставете кај доматите, зачинете со сол и со маслиново масло и додадете ги пињолите и маслинките.