Салата со црвен грав

0
1539

Салата некогаш може да биде и главно јадење, особено ако не сте многу по месото…

Состојки:

800 г црвен грав

1 пакетче смрзната боранија (зелена и жолта)

1 праз

1 китка магдонос

Маслиново масло, оцет

Сол, бибер

Приготвување:

  1. Боранијата се става во зовриена вода и се вари околу 5 минути. Потоа се цеди и откако ќе се олади, заедно со гравот се става во сад за салата.
  2. Празот се сечка и се додава кај гравот и боранијата. Се сечка и магдоносот и се додава и тој.
  3. Салата се зачинува по желба, се меша и се послужува.