Се од цвекло

0
620

Цвеклото е исклучително здрав плод кој ни ги нуди својот корен, но и по малку запоставените листови. Поволно делува врз крвожилниот систем, црниот дроб, нервите, срцето и мозокот.
Кога се купува, треба да се одбираат потврди главици со здрави листови кои потоа можете да ги искористите во различни салати. Комбинирајте ги со зелена салата и со спанаќ.

Цвеклото може да се подготвува на најразлични начини. Се јаде сирово, печено и варено и во сите можни комбинации. На пример, рижотото од цвекло  со својата боја ќе ве освои на прв поглед, а со вкусот, уште на првиот залак. Одлично оди и во комбинација со компири, но и со сирења, како на пример, со козјо сирење или пак со фета. Салатите, питите и кремавите намази ќе бидат многу поинтересни ако им додадете и цвекло. Освен во солени, цвеклото можете да го додадете и во слатки јадења. Чоколадните колачи ќе станат посочни, а цвеклото ќе биде заслужно за новите и уште подобри вкусови. За сокот од цвекло е веќе познато дека е одличен извор на витамини во секое годишно време, како и во свежите салати комбинирано со морков, ѓумбир и лук.