Се од цвекло

0
303

Цвеклото е исклучително здрав зеленчук и одлично влијае врз работата на крвниот систем, на црниот дроб, нервите, срцето и мозокот. При купувањетпо на цвекло е важно да се одбираат потврди главици со здрави листови кои потоа можете да ги искористите во различни варијанти на салати. Комбинирајте ги со зелена салата и спанаќ па на сосема неочекуван начин зачинете го тој класичен додаток на секое јадење.

Цвеклото може да се пече и да се вари, но што и да правите, ставете ракавици. Најчесто се подготвува за зимница, во кисела варијанта, но освен тоа постои цела палета јадења во кои одлично се вклопува слаткастиот вкус на цвеклото.

На пример, рижото со цвекло или салата од варени компири и цвекло е одлична идеја. Цвеклото оди убаво и со сирења како козјото или пак со фета сирење. Салатите, питите и кремавите намази ќе бидат многу поинтересни доколку ги комбинирате со цвекло. Осве во солени можете да го додадете и во благи рецепти. На пример, чоколадните колачи ќе станат посочни, а токму цвеклото ќе биде факторот на изненадување заслужен за новите, уште подобри вкусови.