Се отвара првиот музеј посветен на пицата

Еден поглед на видеото кое го најавува отварањето на Пица музејот во Њујорк и ќе посакате да сте и вие таму.

0
125

Во октомври се отвара првиот музеј во целост посветен на пицата. Њујор ќе стане побогат за уште едно генијално место за сите љубители на овој италијански специјалитет. Музејот го отвара истата компанија која го отворила и првиот музеј на сладолед. Го најавуваат како прво и најголемо искуство кое ја слави пицата и со едно фантастично видео ги повикува сите љубители да им се придружат во таа прослава.

Цената на влезницата е 35 долари, а отварањето е на 13.октомври.