Седум намирници за долг живот

0
399

Правилната исхрана помага да имате подолготраен и поквалитетен живот – одамна е познато, а вие дознајте кои намирници би требало да ви помогнат да го постигнете тоа

Авокадо

Иако некои го избегнуваат затоа што има доста калории, тоа навистина не е потребно. Напротив, авокадото е многу хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате сити поради високата концентрација на маснотии и влакна. Можете да го јадете одделно, но и да го искомбинирате со некоја салата.

Ореви

Накусо, јадете ореви и сочувајте го мозокот здрав. Истражувањата покажале дека една порција јаткасти плодови (а особено ореви) на ден, играат важна улога во превенција на Алцхајмерова болест, ја подобрува меморијата и ја намалува депресијата.

Грав

На оваа листа се нашол и гравот, кој е неверојатна растителна белковина. Нема маснотии, ниту холестерол, а богат е со влакна, протеини, железо, магнезиум и калиум. Сето тоа помага за заштита од дебелина, рак на дебелото црево, дијабетес и срцеви болести.

Кикирики

Токму како и гравот, и кикириките имаат многу слични хранливи материи. Богат извор се на протеини, но и на незаситени масти. Содржи и силни антиоксиданси, кои позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем.

Овесни снегулки

Ниту една храна нема да ви овозможи баш се што ви треба, но овесните снегулки би требало да бидат вклучени како дневен избор на храна. Тие содржат топливи влакна и се добар извор на железо и витамин Б1.

Чај

Се консумира со векови, а особено е здрав зелениот чај. Тој е извор на полифеноли – антиоксиданси кои можат да штитат од неколку видови на рак, како и да го намалат ризикот од срцеви болести и мозочен удар.

Бадеми

Можете да ги вклучите во исхраната како ужина, наместо чипс и соленки, но и во секојдневните оброци. Добар извор се на влакна , а содржат и калциум за коските и цинк за подобрување на имунолошкиот систем.