А сега, само уште шненокли…

0
374

Од оваа песна на Балашевиќ дефинитивно ќе огладнете… Јас добивам апетит секогаш кога ја слушам па се прашувам: „Луѓе, до кога?!“

А тој пее: „још шненокле, и шуфнудле и гриз-штрудле и резанце с маком!“ ….
Ееее, кога ќе се сетам колку добро се јадеше некогаш…

Баш!

И еве, нашите пријатели од Ситно сецкано направиле ШНЕНОКЛИ!

Состојки:

1 l млеко

1 кесичка ванилин шеќер (јас ставив 1 лажица домашен ванилин шеќер)

6 јајца

6 лажици шеќер

1 лажица нишесте (или брашно)

Приготвување:

  1. Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги прво белките со 1 лажица шеќер, додека не се добие цврст шлаг.
  2. Загрејте го млекото со ванилата, скоро до вриење. Со лажица вадете кнедли од изматените белки и ставајте ги да се варат во млекото по две или три, но да имаат доволно простор, додека млекото полека врие. Варете ги околу 30-тина секунди од секоја страна, па вадете ги со решеткаста лажица и ставајте го во садот во кој ќе ги послужите.
  3. Тргнете го млекото од шпорет додека ги матите жолчките. Изматете ги убаво со миксер, со 5 лажици шеќер и 1 лажица нишесте. Потоа ставете во нив малку од топлото млеко, околу пола шоља, промешајте, па ставете ја целата количина жолчки во тенџерето со млеко. вратете го тенџерето на ринглата, загреана на средно, и гответе го кремот додека не се згусне малку, со постојано мешање. Потоа додајте го кремот во садот со кнедли од белка, оставете ги да се оладат на собна температура, па ставете ги во фрижидер.

Шненоклите се највкусни кога се убаво оладени.

Пробано!