Сендвич за 6 луѓе во форма на торта

Ова е супер финта - ќе ги послужите гостите со нешто што изгледа како торта, а во суштина, тоа се само споени клуб-сендвичи кои се подготвуваат ден претходно

0
784

Ако не ви се прават пити, кифли, проја или нешто слично, а ви се најавиле гости, еве едно добро решение.

Лесно е како да правите сендвич, со тоа што овие споени клуб-сендвичи можете да ги направите ден претходно, а следниот ден ви останува само да ги послужите.

Состојки:

1 или 2 пакувања тост леб по ваш избор

павлака

мајонез

кисели краставички

варени јајца

урда или крен-сирење

кашкавал

Приготвување:

Наредете 6 кришки леб во форма на кора (можете и помалку или повеќе, во зависност од тоа колку гости очекувате)

Помешајте ги павлаката, урдата или рендано сирење со исечкани кисели краставички и премачкајте ги лепчињата.

Ставете одозгора тркалца шунка (ако сакате веге-варијанта, изоставете ја шунката)

Наредете одозгора уште еден ред лепчиња.

Помешајте го мајонезот со исечкани варени јајца и премачкајте ги лепчињата.

Наредете уште еден ред со тркалца шунка.

Наредете уште еден ред лепчиња, премачкајте ги со остатокот од смесата со павлака, изрендајте одозгора кашкавал, украсете со кисели краставички и ставете ја „тортата“ во фрижидер.

Следниот ден можете да ги послужите сендвичите такашто ќе ги сечете во форма на триаголници.