Шери домати во масло од тиква

Еве уште една идеја која може да ви се допадне. Убаво натопете ги доматчињата во масло од тиква и можете и да уживате во вкусот и да правите нешто добро за вашето здравје

0
159

За оваа салата не треба ништо освен свежи шери домати и ладно цедено масло од семки од тиква. Се разбира, ако ги сакате неговиот вкус и зелената боја.

Нерафинираното масло од тиква се користело како кралски лек во многу периоди во историјата на човештвото. Веќе од античките времиња ова масло е познато како диуретик и како одлично средство за чистење на телото од цревни паразити. Денес современите медицински практики го препорачуваат ова масло како неопходно во исхраната. 

Ладно цеденото масло од семки од тиква поради големиот процент на есенцијалните омега 3 масни киселини го штити организмот од инфекции, го зајакнува имунолошкиот систем, срцето и крвните садови. Дејствува стимулативно на целиот организам, а различни студии покажале дека ги подобрува симптомите на зголемена простата и е идеално за лекување на синдром на дебело црево.

Исто така, делува превентивно против артериосклероза, инфаркт и мозочен удар, го ублажува ревматоидниот артритис, ја намалува количината на холестерол и триглицериди во крвта, помага во спречување на заболувања на бубрезите.

Се препорачува да се употребуваат 1-3 супени лажици од нерафинираното масло од тиква самостојно или да се користи за подготовка на салати, преливи, или како додаток на варива. Нерафинираното масло од тиква е хит во вегетаријанската и макробиотичката исхрана.