Шест нутриционисти ги откриваат најлошите совети за исхрана 

Постојат многу самопрогласени експерти и лажни нутриционисти и многу лоши совети за исхрана, па навистинане мора веднаш да верувате во сѐ што ќе слушнете

0
797

Сите сме слушнале досега многу совети за тоа што треба, а што не треба да се јаде, која комбинација е добра, а која не е, а факт е дека многу од нив се лоши совети. Затоа, секако дека е исправно да покажете сомнеж кога на пример, ќе слушнете дека не би требало да јадете домати и пиперки затоа што, наводно, предизвикуваат воспаленија.

Шест нутриционисти откриваат кои се најчестите заблуди врзани за храната кои ги слушаат од своите клиенти.

Немојте да јадете домати, пиперки и модри патлиџани

„Еден мој клиент ми кажа дека не јаде домати, пиперки и модри патлиџани затоа што слушнал дека Том Брејди не ги консумира затоа што предизвикуваат воспаление. Доматите имаат позитивни својства за здравјето и дефинитивно не предизвикуваат воспаленија, напротив, добри за машкото здравје. Воспаленија во телото настануваат ако консумирате преголеми количини заситени транс масти и премногу додадени шеќери“, објаснила нутриционистката Енџи Еш за порталот Селф.

Според Ајурведата, доматите се сметаат за единствена намирница која може да ги поремети сите три доши во организмот и затоа ајурведските лекари не ја препорачуваат па тоа може да е причина што се раширило верувањето за лошите својства на доматите.

(Објаснување: Доша значи биолошкиот тип или физичка конституција на човековото тело. Индивидуално, секое тело има различна конституција, односно доша. Според ова постојат три вида на доши: Вата, Пита и Кафа. Во зависност од човековата конституција се одредува типот на дошата. Она што предизвикува различни болести во телото е дисбалансот на една од трите доши. Ајурведата вели дека секоја личност има елементи од сите три доши но, најчесто една од нив е најсилна и преовладува во организмот.)

Морската сол е поздрава од обичната сол

„Сол е сол, па ако го гледате внесувањето на натриум, тогаш бидете разумни кога додавате сол, без оглед на видот. Некои видови сол, како што се морската сол или розевата сол, содржат повеќе минерали од кујнската сол, но кога станува збор за сол, важно е да не се претерува со количината“, вели нутриционистката Рахаф Ал Бочи.

Овошје треба да се јаде само на празен желудник за да се апсорбираат хранливите материи и да се избегне скапувањето во желудникот

„Ништо не ‘скапува’ во желудникот, ајде да го отстраниме тој мит. Не се покажало дека земањето храна на празен желудник ја зголемува апсорпцијата на хранливи материи.

Всушност, повеќето витамини и минерали се апсорбираат надвор од желудникот, во цревата“, вели нутриционистката Мариса Мур.

Двојна доза витамини за двојна корист

„Еднаш дојде кај мене мајка на две деца која кажа дека сака да им дава двојна доза на витамини на своите деца затоа што сака децата да ѝ бидат „над просекот“, а не само „просечни“. Наспроти ова убедување, повеќе не е подобро кога станува збор за додатоците во исхраната.

Земањето премногу додатоци во исхраната може да има сериозни нуспојави. На пример, витамините А, Д, Е и К се топливи во маснотиите, а се складираат во црниот дроб наместо да се елиминираат преку урината како витамините што се топливи во вода, па така стануваа токсични“, вели нутриционистката Кејт Ли.

Не комбинирајте во ист оброк намирници кои различно се варат

„Во текот на варењето телото е во состојба да обработи и да свари повеќе хранливи материи. Човекиот организам функционира делотворно и произведува ензими за таа намена. Затоа, баш напротив – корисно е е да се комбинираат белковини со јагленохидрати за да се спречи растот на шеќер во крвта, особено за оние кои имаат дијабетес или пак проблеми со контролата на шеќерот в крвта“, вели нутриционистката Даниела Волф.

Немојте да јадете пченка затоа што земјоделците со неа ги хранат кравите за да добијат на тежина

„Тоа ѝ го кажал на една моја клиентка неговиот личен тренер и таа 4-5 години потоа не јадела пченка. Ја потсетив дека човековата анатомија се разликува од анатомијата на животните, особено на кравите. И објаснив дека е важна количината, односно, големината на порциите, а не самата пченка. Повеќето намирници можат да бидат дел од здравата исхрана, а притоа е најважна количината“, вели нутриционистката Кристи Кофлин.

Фото: Pixabey