Шпанска вечера со Марк де Јонг во Јавна соба

Шпанскиот „тапас” кај нас е познат како мезе.

0
1126

Во Јавна соба утре вечер започнува серијата на специјално дизајнирани вечери со готвачот Марк де Јонг. Инспириран од кујната која што ја има совладано како млад кувар во шпански контингент во НАТО, врвниот кулинар Марк де Јонг сака да им ги доближи вкусовите на богатата шпанска кујна на гурманите во Скопје.

Јавна соба започна едногодишен проект на кулинарско продуховување во рамки на кој ќе организира серија гастрономски претставувања на разновидни кујни кои не се застапани во редовната ХОРЕКА понуда во земјава. Целта на проектот е да се запознае домашната публика со варијациите на вкусови на храна, пијалоци, музички вредности, или со други зборови култура на исхрана и живеење.

Шпанија е ризница на вкусови и традиции, добрите познавачи знаат дека Апенинскиот полуостров е место каде се јаде вкусна и квалитетна храна, се дегустираат одлични вина, бренди и ликери. Високата култура на социјализирање и хранење надвор е многу слична на македонската. За оваа пригода Марк де Јонг и Катерина Николиќ од Јавна соба подготвија традиционално летно мени кое е припремено на традиционален андалузиски начин.

– Шпанската култура, како и македонската, се изразито силни култури. Локалното население ја вреднува својата традиција, особено гастрономските вредности. Кога станува збор за кујните, различноста се состои во тоа што во македонската не се застапени зачините кои ги имаме во изобилие сé додека шпанската е пребогата со ароми кои произлегуваат токму од зачините. Рибата и морските плодови не се наша водечка компонента во исхраната, но затоа Шпанците редовно конзумираат морска риба и плодови. Сличноста е во кујните е во шпанскиот „тапас” кој кај нас е познат како мезе. Варијациите на припрема и конзумирање на голем број на зеленчуци и овошја е уште една сличност. Шпанците за овошна салата го користат терминот „Салата Македонија” – велат организаторите.

За сите заинтересирани кои сакаат да го почувствуваат вкусот на Шпанија, резервирајте на: 02 6092 650