Штити од малигни болести, делува против депресија и го намалува ризикот од хипотиреоза

Освен тоа, дињата помага и за работа на бубрезите, а од полза е и против гихт и ревматски тегоби

0
305

Иако ја сметаме за овошје, дињата е всушност зеленчук и во сродство е со краставиците, тиквиците и тиквите.

Се претпоставува дека потекнува од Индија, а во Кина се одгледувала уште 2000 години пред Христос. Ја јаделе и во Стар Рим, но не со премногу ентузијазам. Имено, тогашните сорти не биле слатки, па обично дињата се варела и богато се зачинувала.

Првите сорти слатка диња биле одгледани во 15.век на Средоземјето со што интересот за нив многу пораснал. Сепак, најголема популарност дињата стекнала на францускиот двор. Во текот на ренесансата наголемо се одгледувале во папската градина Канталупо, па оттука и една од нејзините најпознати сорти се нарекува ‘cantaloupe’. 

Дињата се јаде свежа, се комбинира со друго овошје, а од неа се прави и интересен сладолед. Во некои делови од светот се комбинира и со месо, а најпозната комбинација е онаа со пршут.

Употребливи се и семките од диња. Тие излупени и смелени се додаваат во супите и варивата со цел згуснување, емулгирање и интензивирање на аромата. Како поефтина варијанта се употребуваат и во слаткарството како замена за бадеми и ф‘стаци. Од нив може да се прави и растително млеко.

Инаку, дињата содржи кукурбитацини, литиум и цинк кои ја помагаат одбраната на организмот од малигни болести, делуваат против депресија и го јакнат имунитетот. Се покажало и дека вклучувањето на дињите во исхраната го намалува ризикот од појава на атеросклероза, па се верува дека може да биде помош во лекувањето на болестите на срцето и крвните жили.

Дињата помага и кај желудочните тегоби и штити од чир на желудник. Имено, нејзините тритерпеноиди и стероли ги инактивираат слободните радикали и ја засилуваат заштитната функција на слузницата. Цитрулинот го поддржува здравјето на црниот дроб и помага за лекување на хепатитис, замастен црн дроб и цироза.Присутните флавоноиди покажуваат антиоксидантно дејство, и помагаат во ублажувањето на восплаителните процеси и намалувањето на болката.

Дињата содржи магнезиум кој ги олеснува предменструалните тегоби и придонесува за здравје и функција на мускулите. Натаму, минералната супстанција -бор има позитивно влијание на зглобовите и цврстината на коските.

Дињата помага и за работата на бубрезите и за мокрење. Придонесува за активноста на штитната жлезда и го намалува ризикот од хипотиреоидизам. Од полза е против гихт и ревматски тегоби. Ја хидрира кожата и го подобрува лекувањето на егзем.

И додека од една страна е сиромашна со масти и натриум, од друга страна, богата е со прехранбени влакна, минерални материи, каротеноиди, витамин Ц, калиум и едноставни шеќери. Само една шолја диња ги задоволува дневните потреби на организмот за витамин Ц и каротеноиди. Ако на ова додадеме и дека витаминот Ц и каротеноидите штитат од рак на грлото на матката, можеме да кажеме дека дињата е навистина извонреден летен десерт или ужина.

Фото: Pixabey