Што ја зголемува најмногу продуктивноста на работа?

Според резултатите на студијата која ја водел професор Ден Арили бесплатната пица ги мотивира работниците да работат побрзо и подобро.

0
258

Во текот на студијата која ја спровел во текот на пишувањето на книгата „Payoff: The Hidden Logic That Shapes Our Motivations“, Арили на вработените во Интел во Израел на почетокот од неделата им испратил по една од три пораки. На едната група ѝ ветил бесплатна пица, на другата паричен бонус од 30 долари, а на третата пофалба кај шефот. Дел од вработените кој служел како контролна група, не добил ниедна порака.

На Арили му бил потребен еден ден за да сфати дека работниците најмногу ги мотивира пицата. Според резултатите на неговото истражување, работниците на кои им била ветена пица, биле 6,7 отсто помотивирани од групата која не добила никаква порака.

На второ место е пофалбата кај шефот што ја зголемило продуктивноста на работниците за 6,6 отсто. Парите ја зголемиле продуктивноста за само 4,9 отсто.

Интересно е дека оние на кои им бил понуден бонус за два дена биле 13,2 отсто помалку продуктивни, а до крајот на неделата нивната продуктивност паднала за вкупно 6,5 отсто.

На крајот од неделата, продуктивноста на оние кои добиле пофалба од шефот е изедначена со продуктивноста на оние кои добиле бесплатна пица. Арили тврди дека, во случај да го оствареле оригиналниот план за достава на пици на домашните адреси на вработените, пицата би била конечен победник.