Што има под капакот?!

0
224

Состојки:

500 г свинска кртина

2 моркови

1 помала брокула

2-3 млади кромитчиња

10-тина главички прокељ

10-тина свежи шампињони

Маслиново масло

2 чили пиперчиња

1 зелена пиперка

Вегета, мајоран, бибер

1 рака печени кикирики

сок од 1 лимон

Приготвување:

  1. Месото исечкајте го на помали парчиња и ставете го да се пржи на маслиново масло во вок тава. Додадете ги и чили пиперчињата исечкани на помали парченца, излупените кикирики, малку вода, зачинете и мешајте за да не ви загори. Мешајте само со дрвена или со пластична лажица за да не ја изгребете тавата.
  2. Кога е месото испржено, додадете ги печурките, прокељот и останатиот зеленчук исечен на тенки стапчиња.
  3. На крајот додадете по желба, суво грозје и брусници и сок од 1 лимон. (Верувајте, со нив само можете да го подобрите вкусот, а и мешањето на вкусовите во кинеската храна не само што е дозволено, туку и очекувано.) Ставете го капакот и оставете го да отстои 2-3 минути.