Што јаделе патниците на Титаник

0
658

Иако Титаник потонал во далечната 1912. Година и натаму станува збор за една од најневеројатните приказни. Во филмот кој беше снимен во оваа приказна и со кој се прославија Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет е прикажана целата таа слика на гламур, хероизам, а на крајот и на трагедијата. Но Титаник е воедно и приказна за класната разноликост. Порталот Woman’s Day ги објави менијата за патниците од првата, втората и од третата класа набројувајќи ги оние кадешто разликите се највидливи.
Така менито на првата класа се состоел од деликатеси како печено говедско со кнедли, пире и печени компири, пудинг со јаболка и десерти од лиснато тесто, шкампи, лосос, инчуни, харинги и цела низа најразлични сирења.

Втората класа уживала во јагнешко во сос од мента, печена мисирка со сос од брусници, кари пилешко, слатки сендвичи од кокос и најразлични видови овошје.

Само еден поглед на менито во третата класа доволно зборува за начинот на однесување кон припадниците на оваа класа. Менито се состоело од овесна каша за појадок, супа со ориз и варени компири за вечера, додека меѓуоброкот содржел само каша. Сепак, токму патниците од третата класа и покрај прилично лошите услови, најчесто биле и најзадоволни поради самиот факт што се наоѓале на Титаник.