Што научија бармените од Ники Неиков?

Вработените од Парк Хотел и Спа добија можност за професионална обука „Techniques that Shaped the Bar World“ од Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve - Бугарија

0
213

Бренд амбасадорот за DIAGEO Reserve портфолио Ники Неиков за време на неговото гостување во Скопје ги демонстрираше своите вештини во ресторан FOUR, a вработените од Парк Хотел и Спа имаа можност за професионален тренинг на тема “Techniques that Shaped the Bar World”.

Ники Неиков, зад себе има повеќегодишно светско искуство, работејќи во реномирани барови и хотели со 5 ѕвезди во Бугарија и Шпанија, како head bartender, mixologist, обучувач и тренер на персонал. La Casa Blanca е последното работно место во Шпанија, пред да се врати во родната Бугарија и да започне да работи во The Cocktail Bar, каде што е задолжен за целокупниот развој на компанијата. Моменталната професија му е промоција на DIAGEO Reserve брендовите, заедно со промоции за истите. Г-дин Неиков исто така изведува обуки на персонал и е организатор на DIAGEO World Class –  натпреварот во Бугарија.

Diageo е глобален лидер во категоријата на алкохолни пијалаци, со исклучително портофлио на производи меѓу кои се: Johnnie Walker, J&B, Bulleit, Smirnoff, Ciroc, Captain Morgan, Baileys, Guinness и многу други.

За еден бармен и коктел-мајстор да биде на врвот во својата област, треба да остави препознатлив личен печат и од своите коктели да создаде брендови. Токму поради тоа, велат од Парк Хотел и Спа, им овозможивме на своите вработени тренинг од ваков карактер.