Што прават погрешно повеќето луѓе?

Дали смее да се јаде храната што паднала на под, да се мака од заедничка здела, да се нарачува пијалок со мраз, да се јадат пуканки од заедничка здела, да се дуваат свеќички на торта,...

0
414

Секој понекогаш греши за правилата за хигиена кои се однесуваат на храната, но тоа не значи дека нужно и веднаш ќе се разболи поради тоа.

Сепак, постојат навики и бактерии кои се поопасни од другите, а стручњаите се осврнале на честите митови и вистини врзани за начинот на кој јадеме и пиеме и колку е тоа штетно.

Пол Довсон, научник и професор на Универзитетот Клемонс веќе со години ги анализира ризиците и начините на кои се шират бактериите преку прехранбените навики.

Двојно макање 

Кога некој ќе макне двапати, односно, со веќе гризнато парче чипс во садот со макало, тоа е сигурен начин за ширење на бактерии – а тоа го покажале и истражувањата. Сосот во кој се макало двојно имало пет пати повеќе бактерии отколку во контролниот сос, објаснува Довсон.

Правилото „5 секунди“

Повеќето слушнале за правилото дека ако храната не била на подот подолго од пет секунди, мое да се јаде затоа што наводно, поминало преналку време за да се контаминира.
Довсон и неговиот тим ставиле на подот различни видови на бактерии како салмонела и потоа ставиле долу леб и салама. Ја тестирале храната која била на подот 5, 30 и 60 секунди.
„Колку подолго била храната на подот, толку повеќе актерии имала, но и онаа која ила фолу само 5 секунди не била добра за јадење. Затоа, правилото „5 секунди“ е вистинска глупост“ – заклучува Довсон.
Сепак, додал дела ова најмногу зависи од тоа што се наоѓа на подот и колку е тој чист.

Дување свеќички на торта

Таа роденденска традиција е сигурен начин дека ја контаминираме тортата со бактерии, открил Довсон.
Неговото тестирање открило дека со дувањето бактериите се исфрлаат право во тортата и благодарение на ова таа има дури 15 пати повее бактерии. Генерално, тоа не е проблематично ако е славеникот здрав, но ако не е, големи се шансите од зараза, пишува ЦНН.

Споделење на пуканките

Во кино, на концерт или на натпревар често луѓето јадат пуканки од едно заедничко големо пакување и никој не размислува дека на тој налин се пренесуваат бактерии. Довсон и неговата екипа откриле дека начинот на пренесување на бактерии и зарази на овој начин се многу мали и изнесува помеѓу 0.2 и 0.0009 отсто.

Пијалоци со мраз
Иако секоја земја има правила кои ја ограничуваат количината на патогени бактерии во водата од чешма, во повеќе од 72,2 отсто од примероците на мраз во кафулињата и рестораните можат да се најдат патогени бактерии.
Водата не е валкана сама по себе, а бактериите во неа најчесто доаѓаат преку ледоматот, кадешто тие можат да се акумулираат, објаснува Довсон.
Сепак, ниту тоа не е толкава здравствена закана затоа што концентрациите на тие микроорганизми се ограничени, а до контаминација најчесто доаѓа како последица од ракувањето со мраз. Така бројни студии потврдиле дека во примероците на мраз редовно има траги од микроби, како Escherichijа coli, Helicobacter pylori и Listera monocytogenes.