Си засадивте зачини?

Босилек, нане, мајоран, маточина, копар,оригано ...засадете си сѐ што можете во саксии и имајте си ги при рака омилените зачини. Се разбира, ако сте љубител на песто, засадете си повеќе саксии со босилек - ќе ви треба!

0
384

Ако сакате зачини, немате изговор да ги купувате кога можете да ги имате свежи и секогаш при рака.

Треба само редовно да ги полевате и ништо друго.

Тие ќе растат како луди, ќе ви шират преубави миомириси во станот или на тераса, а вашите јадења ќе имаат поубав вкус.

И на крајот на краиштата, никогаш нема да ви недостасува мајоран за да додадете во грашок, грав, леќа, боранија, месо, копар за таратур, за сармички со лозов лист и секаде кадешто обично го ставате, нането за чај, во салати, босилекот за песто или во свежа салата со домати. И секогаш имајте ги на ум нивните здравствени придобивки, а особено оние на босилекот кој е познат уште како крал на билките.

Тој ја ублажува настинката, придонесува за здравјето на срцето, ја подобрува работата на бубрезите, очите и забите, дејствува против стресот, ја намалува склоноста кон повраќање, а помага и при лекување на различни видови на рак. Имено, босилекот ги стеснува крвните садови кои ги хранат клетките на туморите кои предизвикуваат рак, а сам по себе помага и при третманот на многу видови на рак, вклучувајќи рак на дојка. Исто така, својствата на ова растение, го спречуваат растот на оралниот карцином.