Сингапурските научници откриваат: печурките го подобруваат помнењето

Во истражувањето било обрнато големо внимание на шест видови печурки кои се консумираат  во Сингапур, но кои се вообичаени и во нашата домашна кујна. Станува збор за шампињони, буковки, шитаке, а предвид биле земени печурките во свежа, сушена и конзервирана состојба.

0
147

Тим од научници од Универзитетот во Сингапур шест години спроведувал истражување за влијанието на консумирањето на печурки врз мозокот на постарите лица. Во истражувањето учествувале повеќе од 600 испитаници постари од 60 години.

Резултатите покажале дека постарите лица кои консумираат повеќе од две стандардни порции печурки неделно, можат да имаат дури 50 проценти намален ризик од развој на благ когнитивен дефицит. Ова пореметување го карактеризира помала пречка на когниција како што е заборавливост, но и благо пореметување во говорот, концентрацијата и снаоѓањето во просторот, меѓутоа, овие симптоми не влијаат значително на секојдневните активности на личноста.

Но, кај лицата со благ когнитивен дефицит постои зголемен ризик од развој на деменција, особено Алцхајмерова болест. Истражувањата покажале дека 15 отсто лица годишно со благ когнитивен дефицит развиле деменција, а дури 80 отсто развиваат деменција за отприлика шест години.

Во истражувањето било обрнато големо внимание на шест видови печурки кои се консумираат  во Сингапур, но кои се вообичаени и во нашата домашна кујна. Станува збор за шампињони, буковки, шитаке, а предвид биле земени печурките во свежа, сушена и конзервирана состојба.

Научниците утврдиле дека е можно и другите видови печурки да остваруваат позитивно влијание на когнитивните функции затоа што во речиси сите видови може да се најде антиоксидансот ерготионеин.

Се покажало дека благотворно влијание на мозокот се остварува со внесување на две порции печурки неделно, односно, вкупно 300 г приготвени печурки неделно што е количина од половина чинија. Но, научниците нагласуваат дека и помалата количина печурки неделно од наведената има поволно влијание на мозокот, па печурките секако би требало редовно да се најдат на менито на повозрасните лица.

Фото: Pixabey