Сирења кои се поздрави отколку што мислиме

Иако сирењето има репутација како многу калорична и мрсна намирница, кога се консумира умерено е всушност одличен извор на калциум, протеини и витамин Д.

0
498

Исто така, сирењето е втор по ред извор на калциум кај лицата со просечни прехранбени навики. Затоа видете кои видови на сирење можете без страв да ги вклучите во својата исхрана.

Фета сирење

Фета е медитеранско сирење со силен вкус. Се прави од козјо млеко па е одличен избор на оние кои се осетливи на лактоза. Можете да го комбинирате со салати, супи, сладок компир или со разно овошје.

Зрнесто сирење

Ова сирење е богато со калциум и фосфор кои се грижат за здравјето на вашите коски, а содржи и казеин (млечен протеин) кој помага во обновување на мускулното ткиво. Можете да го најдете во варијанти со многу малку млечни масти.

Рикота

Рикотата е со слична текстура како и зрнестото сирење, но е полесно, а пола шолјичка задоволува дури 25 отсто од дневните потреби за калциум. Исто така, богато е со фосфор, витамини А и Б, како и со цинк. Одличен додаток е за кроасаните, тостовите, па дури и за колачи.

Пармезан

Иако пола шолјичка содржи дури 216 калории во пармезанот се наоѓа умами, кој според некои истражувања го подобрува вкусот на останатата храна, а може да го подобри и варењето. Пола шолјиќка пармезан исто така содржи и околу 19 грама протеини, но и натриум, па затоа е важно да се консумира умерено.

Фото: Pixabey