Сирењето поттикнува исти делови од мозокот како и тешките дроги?

Зависни сте од сирење? Има научно објаснување за вашата зависност

0
1304

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген откриле дека сирењето содржи хемикалија што се наоѓа во наркотиците.

Користејќи ја скалата за зависност од храна на Јеил, дизајнирана за да се измери желбата на лицето, студијата открила дека сирењето е особено привлечно затоа што содржи казеин.

Хемиската супстанција, која се наоѓа во сите млечни производи, може да ги активира опиоидните рецептори на мозокот, создавајќи чувство на еуфорија како она што го предизвикуваат тешките дроги.

500 студенти биле замолени да го пополнат прашалникот за да ги идентификуваат желбите за храна, како дел од студијата, со пицата која е на врвот од листата како најпривлечна храна за сите.

Освен тоа, тие откриле дека храните кои се рангирани на врвот од листата на најпосакувана храна, содржат сирење.

Научниците што ги проучуваат млечните производи откриле дека во млекото има мала доза на казеин. Но, за производство на килограм сирење се потребни околу 10 килограми млеко – со казеин кој создава зависност а го има во стврднатите млечни масти кои се одвојуваат од течностите.

На тој начин добивате поголема доза од казеин во сендвичот со сирење отколку што ќе добиете со утринската чаша млеко со мусли.

Авторот на студијата, Ерика Шулте, рекла: „Ако особините на некои видови храна се поврзани со созадавањето на зависност од некоја храна за некои луѓе, ова може да влијае на насоките за исхрана, како и на иницијативите за јавна политика, како и на, на пример, рекламирањето на овие производи за децата“.

Никол Авена, коавтор на студијата, вели: „Ова е прв чекор кон идентификување на специфичните храни и својствата на храната која може да биде поттикнувач на зависност.

„Ова може да помогне да се промени начинот на кој се пристапува кон третманот на дебелината. Тоа можеби не е едноставно прашање на „намалување“ на одредени видови храна, туку, усвојување на методи кои се користат за намалување на пушењето, пиењето и употребата на дрога“.

Веста доаѓа откако беше откриено дека, според проценките, просечен човек јаде околу 35 килограми сирење годишно – што укажува на тоа дека навистина има такви својства какви што се откриени со истражувањата.