Сирови посни бомбици со рогач

Здрави, вегански и сурови бомбици без шеќер, со банани, суво овошје, јаткасти плодови, рогач и цимет

0
672

Состојки:

За бомбиците:

100 г урми, најдобро свежи

100 г мелени бадеми

100 г ореви или лешници

30 г кокос

3 лажички мелен рогач

Пола лажичка цимет

Лажичка екстракт од ванила

1 поголема зрела банана

За декорација:

Кокос или мелени бадеми

Приготвување:

  1. Ситно исечкајте ги урмите, а доколку се свежи можете и да ги испасирате со вилушка.
  2. Лешниците и оревите исечкајте ги на крупно и со вилушка испасирајте ја бананата.
  3. Измешајте ги најпрвин сите суви состојки (мелените и исечканите јаткасти плодови, кокосот, рогачот и циметот), а потоа додадете ги бананата, урмите и екстрактот од ванила.
  4. Се измешајте додека не се добие смеса од која може да се направат бомбици. Во зависност од големината на бананата и сочноста на урмите, можеби ќе биде потребно да се додаде уште кокос или бадеми, или пак уште суво овошје или лажичка вода.
  5. Бомбиците извалкајте ги во кокос или во мелени бадеми и оставете ги во фрижидер да се стегнат.