Слабејте со целер, намалете го притисокот, холестеролот,…

Целерот го намалува холестеролот и болките кај артритис, помага за слабеење, го детоксифицира телото и го намалува крвниот притисок, но и натаму не е многу популарен зеленчук. А и како да биде, кога оној вид кој е најсоодветен за грицкање, чини како суво злато

0
524

Воден, крцкав и зелен, целерот е еден од оние зеленчуци кои ги јадеме само ако се прекриени со едно чудо сос или откако ќе го свариме, ретко кој го јаде секојдневно, во сирова форма.

Веројатно сте слушнале дека целерот го согорува вишокот килограми, но сепак, за сите кои ги бројат калориите, целерот сѐ уште не стана т.н. „посакувана храна“.

Секако, можеби немањето навика да се грицка целер се должи и на тоа што пред 20-30 години, додека низ светот гостите ги пречекуваа со порција свеж сос и стапчиња свеж целер, нашите мајки го ставаа само во супа. А денеска пак, оној вид кој е најсоодветен за грицкање, чини како суво злато. Но и тоа не е оправдување.

Значи, нашите корени со не толку претставителни стебленца, се сепак добри за вас и има начини на кои можете да ги јадете свежи.

Коренот можете да го изделкате или да го изрендате, а и стебленцата, иако не се како оние долгите кои се продаваат без корен, но се многу поскапи, сепак можете да ги грицкате такви какви што се.

Иако целерот го намалува холестеролот и болките кај артритис, помага за слабеење, го детоксифицира телото и го намалува крвниот притисок, но и натаму не е многу популарен зеленчук.

Зошто е целерот добар за нас?

Овој зеленчук е преполн со витамини кои му се потребни на вашето тело

(A, B, C i K), а има и многу калциум, магнезиум и калиум. Меѓутоа, највеличенствените атрибути се неговите фитонутриенти. Тоа се растителни хемикалии кои се користат за одбрана од инсектите и од штетните сончеви зраци, но нивното влијание на луѓето по консумацијата е значително поимпресивно.

Фитонутриентите имаат антиинфламаторни и антиоксидативни својства. Иако во почетокот може да биде тешко да се навикнете на текстурата на целерот, тој всушност го подобрува имунитетниот систем и интрацелуларната комуникација. Познато е и дека фитонутриентите го обновуваат токсичното оштетување на ДНК и имаат забележителни резултати во борбата против ракот и срцевите болести.

Што може да направи целерот за една недела?

Иако сите претходни резултати се забележливи на подолги стази, исто така би требало да земеме предвид какво влијание може да има целерот на вашето тело во краток рок.

Следува краток преглед на резултатите кои луѓето ги забележале после додавањето мала порција целер во нивната дневна исхрана:

Губење на тежината: Целерот има малку калории и е богат со влакна, што значи дека заситува дури и кога се јаде во мали количини.

Подобра хидратација: Целерот е сочинет од 95% вода, такашто неговото консумирање може да ја спречи дехидрацијата.

Го намалува воспалението: Ако сте под каков било ризик од кардиоваскуларни болести, рак или други видови хронични воспаленија, целерот може да ви помогне да ја намалите веројатноста од заболување од овие болести.

Спречува и ја запира киселината во желудникот: Целерот има ниско ниво на киселост па често се препорачува за овие проблеми. Додека неговите точни резултати за овие проблеми уште не се потврдени, многу луѓе пријавиле подобри резултати откако изеле целер.

Го подобрува холестеролот: Истражувањата покажуваат дека целерот го намалува холестеролот за 7%.

Го снижува крвниот притисок: Истражувањата покажуваат дека целерот го намалува крвниот притисок за 8%.

Го подобрува варењето: Благодарение на содржината на влакна, целерот може да помогне во одржувањето нормална работа на цревата и нивното здравје.

Помага за зачувување на здрави очи: Благодарение на содржината на витамин А во целерот, помага за заштита на рожницата и помага во лекувањето суви очи.

Против комарци: Истражувањата покажале дека екстрактот од масло од целер претставува средство против комарци, па можете да ставите малку на кожата во летниот период.

Фото: Pixabey