Сладолед од јагоди и грејпфрут со сируп од рузмарин

0
232

Состојки за сируп од рузмарин:

250 мл вода

150 г шеќер или мед

3 гранчиња свеж рузмарин

Состојки за сладолед:

500 г јагоди

1 голем грејпфрут

Сируп од рузмарин

Приготвување:

  1. Ставете во тенџере шеќер (или мед) и вода и додадете го рузмаринот. Варете на средна температура додека шеќерот не се стопи и додека течноста не добие структура на сируп. Тргнете го настрана и оставете го да се олади па исцедете го и префрлете го во шишенце.
  2. Кога е сирупот готов, ставете ги јагодите во блендер заедно со сок од грејпфрут. Додадете од сирупот по вкус па ставете ја смесата во калапи за сладолед и право во замрзнувач.