Сладолед од вијагра

0
271

После сите оние најневозможни и најнеобични вкусови на сладоледи кои сме ги пробале или барем сме слушнале дека постојат таму некаде, Италијанците успеаја да изненадат уште со еден – сладолед со вкус на гума за џвакање наречен Вијагра. Наводно, сепак не станува збор за славната сина таблета, туку овој сладолед содржи африканска билка со слично дејство.

Имено, производството на топка сладолед која навистина содржи Вијагра би чинело нешто повеќе од 20 евра. Пред неколку години ја осмислил Чарли Хари Францис, сопственик на компанијата „Lick Me I’m Delicious”, за еден славен клиент. Сладоледот бил пригодно наречен „Arousal“, имал вкус на шампањ, а нарачателот бил задоволен од резултатите.
Само е прашање на време кога италијанската поприфатлива верзија со посебна африканска билка ќе се најде и во некоја од нашите слаткарници