Сладоледот што сами ќе го направите е најдобриот сладолед!

0
294

Состојки:

2 конзерви кокосово млеко

1 банана

2 лажици таан

2 лажици јаворов сируп

1/2 лажичка екстракт од ванила

Малку сол

За делот со какао:

2 банани

2 лажици путер од бадеми

2 лажици какао

Малку сол

Приготвување:

  1. Мешајте ги кокосовото млеко, згмечената банана, таанот јаворовиот сируп и солта се додека не добиете кремава паста.
  2. Потоа изматете ги состојките за какао смесата.
  3. Подгответе ги калапите за сладолед и во секој ставајте по пола од таан смесата и пола од какао смесата.
  4. Ставете ги во замрзнувач најмалку 4 часа.