Сланина: Во соседството, има култ на божество, но лоша репутација

Долго време се мислело дека сланината го покачува холестеролот, но вистината е сосема поинаква

0
526

Следниот месец, во малото војводинско село Качарево, се одржува 32.по ред манифестација, заснована на промоцијата на производи од месо кои ги претставуваат традиционалните гастрономски обичаи во јужен Банат.

Сланинијадата има статус на светска гастрономска манифестација затоа што на неа својата сланина ја изложуваат производители од сите краишта на светот. Посетителите можат да пробаат сланина од Кина, Франција, Германија, Америка, Португалија, Романија, како и од сите земји од регионот. Претставници од 74 земји доаѓаат во ова мало војводинско село за да ги претстават своите сланини на најголемата манифестација посветена на овој специјалитет.

Сланината долго имала лоша репутација. Тоа и не е чудно со оглед на тоа што долго се мислело дека таа го покачува нивото на холестерол во крвта, предизвикува срцеви болести и не дебелее. Меѓутоа, сега науката вели нешто сосема друго – сланината е добра затоа што содржи корисни омега 3 масни киселини, кои го штитат кардиоваскуларниот систем, а не содржат транс-масти, со кои се богати растителните масла и маргаринот, а кои се директно поврзани со појавата на срцеви заболувања.

Д-р Тим Ноекс, светски експерт за LCHF исхрана (оваа исхрана подразбира намален внес на јагленохидрати и зголемен внес на маснотии), објаснил како сланината помага да ослабнеме и како ги решава здравствените проблеми.

Пред 25 години било спроведено истражување за да се види влијанието на сланината и на растителното масло на нивото на холестеролот. Група од десет испитаници биле на високомасна диета и секојдневно јаделе сланина, а друга група била на диета без маснотии. После 6 недели е откриено дека испитаниците кои биле на диета која подразбирала висок внес на сланина имале значутелно пониско ниво на холестерол во однос на другата група испитаници кои не јаделе сланина – рекол д-р Ноекс.

Заклучокот кој може да се извлече од оваа студија е дека маста од сланината е помалку „холестеролемична“ од растителните масла, што не значи нужно дека сите растителни масла се лоши, туку само тоа дека свинската маст е подобар избор кога се јаде редовно.

Ги обновува мускулите и помнењето

Сланината е богата и со калиум, клучен минерал за регулација на крвниот притисок, а е богат извор и на квалитетни протеини кои помагаат за одржување на енергијата и изградба на мускулно ткиво.

Сланината е и добар извор на цинк, кој е потребен за здрав имуносистем, раст и регенерација на мускулното ткиво, како и за хормонска рамнотежа. Содржи и колин, кој е клучен за зачувување на помнењето. Научните истражувања покажале дека секојдневниот внес на намирници кои содржат колин со време го намалува ризикот од слабеење на помнењето. Сланината е полна и со есенцијални Б витамини, кои ни се потребни за одржување на имунолошкиот систем.

Mаснотијата не го крева инсулинот

Затоа е важно сланината, маста и путерот да ги јадеме секојдневно. Од друга страна, ако секои три часа внесуваме храна богата со јаглени хидрати, ние постојано имаме зголемено ниво на инсулин во организмот. Јаглените хидрати се претвараат во масти, а постоечките масни клетки немат можност да ја испуштат маснотијата што ја поседуваат. Мозокот тоа го интерпретира како повторна глад и после три часа постои тој повторувачки ефект на страст за храна кај лицата кои јадат храна богата со јаглени хидрати.

Нивото на инсулин може да се зголеми и кога внесуваме многу протеини, но не и кога внесуваме многу масти.

Суштината на LCHF исхраната е да се внесат доволно масти, што на мозокот ќе му сигнализира дека нема потреба да го активира сигналот за глад. Кога нема константен внес на јаглени хидрати, нивото на инсулин е низок и отворен е патот кон согорување на масното ткиво.

Значи, велат истражувачите, колку и да е тешко ова да се сфати, колку повеќе масти јадеме, толку повеќе ги согоруваме.

Фото: Pixabey