Слатко-кисело пилешко

0
1053

Состојки:
425 г ананас во природен сок
2 лажици пченкарно брашно
2 лажици соја сос
2 лажици бел вински оцет
2 лажици светло кафен шеќер
2 лажици кечап од домати
½ лажички сушени чили пиперки
2 парчиња пилешки гради без коски и кожа
2 лажици сончогледово масло
1 кромид со средна големина сечен на 12 парчиња
2 пиперки, црвени или зелени, без семки, исечени на крукчиња
1 конзерва од 250 г кинески костен или обичен костен
2 чешниња лук, излупени и истолчени
25 г свеж корен од ѓумбир, излупен и изрендан
свежо мелен црн пипер

Приготвување:
1. За да го направите сосот, исцедете го ананасот од сокот, но зачувајте го сокот настрана. Би требало да имате барем 150 милилитри. Ставете го пченкарното брашно во голем сад, додајте 3 лажици од сокот од ананас и мешајте за да добиете воедначена смеса. Додајте го преостанатиот сок од ананас и 150 милилитри вода, потоа додајте го соја сосот, оцетот, шеќерот, кечапот и сушеното чили и измешајте добро.

2. Пресечете го секое парче од пилешките гради на осум или девет еднакви дела. Загрејте една лажица масло во тефлонска тава или вок тава и пропржете ги кромидот и пиперките околу две минути на висока температура. Исцедете ги костените и исечете ги на пола.

3. Додајте го остатокот од маслото и пилешкото во тавата и пропржете околу две минути додека состојките не потемнат од сите страни. Додајте ги лукот, ѓумбирот, парчињата ананас и костенот и пржете од 30 до 60 секунди.

4. Промешајте го добро миксот од пченкарно брашно и ананас и додајте го во тавата со пилешкото и зеленчукот. Промешајте добро, зачинете со мелен црн пипер и откако ќе проврие гответе уште 4-6 минути за сосот да згусне, а пилешкото да омекне. Промешувајте во текот на готвењето. Послужете со мала порција ориз.