Славната кинеска видео блогерка за храна подготви закуска за Кинеската нова година

Сѐ што Ли Зикаи подготвува во ова фантастично видео е наменето за неколку нејзини среќни следбеници на „Weibo“ кои ќе ги добијат како подарок од неа

0
193

Стотици илјади луѓе се обидуваат да отпатуваат од главниот град на Кина, Пекинг. Годината на свињата почнува утре (4 февруари) и милиони луѓе ќе ја дочекаат во кругот на своите семејства.

За многу Кинези кои работат во големите градови, овој национален празник познат и како „Пролетен фестивал“, е ретка можност да се упатат на долг пат и да им се вратат на своите семејства во руралните и оддалечени области на Кина. Од 4 февруари сите Кинези во Кина, но и ширум светот, ќе бидат на седумдневен одмор.

Во чест на Кинеската нова година, славната видео блогерка за храна на најпознатата кинеска интернетска страница Weibo, Ли Зикаи, која има 1 милион и 831.709 следбеници, подготви закуска која ќе им ја подари на своите најверни следбеници.

На листата на јадења што таа ги приготвува се:

Печени костени кои ги собира на планината и ги пече во печката што ја изградила самата. Кандирани глог бобинки на стапчиња (Бинг Танг Хулу). Сусам и бонбони од кикиритки. Сушено манго, говедско месо, печени семки од сончоглед, печени кикирики (ги пече со речен песок за да не загорат), палачинки со полнење, итн.

Инаку, Ли живее во Сечуан, Кина, област која се нарекува Земјата на изобилство бидејќи е исклучително богата и плодна. Велат, доволно е да се фрли семе и тоа ќе расте како лудо. Некои од намирниците што ги гледаме таму се непознати за нас.

花生瓜子糖葫芦,肉干果脯雪花酥——年货小零食

又过年喽哈哈哈哈哈哈!冰糖葫芦,炒花生瓜子,各种好吃的糖果…小时候总是眼巴巴的盼着这些。今年多加了一个年货小零食新年特辑。10分钟呐~~

Posted by 李子柒 on Среда, 30 јануари 2019

Фото: Фејсбук