Словенка е најдобар женски шеф на светот

0
442

Ана Рош, која минатата година беше во една епизода од серијата „Chef’s Table“ на Нетфликс, инаку, шеф на ресторанот Хиша Франко во Кобарид, Словенија, деновиве ја доби титулата најдобар женски шеф на светот. Словенечките туристички претставници неодамна ја донесоа Рош во Њујорк за да го претстават нејзиниот кулинарски талент во момент кога туризмот во оваа мала поранешна југословенска држава доживеа голем подем, до речиси 3 милиони туристи годишно во земја од 2 милиони жители. Рош ќе биде претставена со почести на церемонијата The World’s 50 Best Restaurants која ќе се одржи на 5 април во Мелбурн, Австралија.

„Иако Словенија нема ресторани со Мишелин ѕвезди и е во сенката на кулинарските успеси на соседните Италија и Австрија, Ана Рош ја донесе Hišа Franko на глобалната гастрономска сцена и го заслужи местото помеѓу најдобрите готвачи на светот. Пријатниот семеен ресторан во идиличното словенечко село над долината на Соча, денеска ги привлекува гостите од целиот свет кој сакаат да ги испробаат единствените менија на Ана Рош“, ја објасниле својата одлука во Сан Пелегрино компанија која стои зад самиот избор.
Според оценките на речиси илјада гастрономски стручњаци, Ана е одбрана за најголем кулинарски експерт на целиот свет. Ова е секако големо признание за неа, за ресторанот, но и за цела Словенија.
„Признание како ова докажува дека сум на добар пат и ме тера да одам напред. Градиме нов вид на словенска кујна која го прави уживањето во Hišа Franko навистина посебно искуство, изјавила Ана.

Оние кои ја пробале нејзината храна велат дека е сосема поинаква. Ана Рош ја наоѓа инспирацијата во природата за да ги сервира своите единствени јадења што ги освојуваат и најпребирливите непца. Само еден поглед на некое од нејзините јадења е доовлен за да сфатите дека Ана се дава максимално во секоја чинија.

Svi u Sloveniju: Ana Roš iz Hiše Franko najbolji ženski chef na svijetu

Освен кон готвењето, Ана ја врзува со кујната и љубовта кон виното за што е заслужен и нејзиниот сопруг, сомелиерот Валтер Крамар.


Едно е сигурно, Ана Рош го одведе готвењето на некое сосема ново ниво, а најдобро од се е тоа што сега специјалитети на најдобриот шеф на светот ни се поблизу од било кога. Словенија и не е толку далеку, нели?