Смути од грејп со ѓумбир

Кремасто и преполно со витамини, ова смути од грејпфрут и ѓумбир е совршено за кревање на имунитетот, а не содржи додаден шеќер.

0
611

Ова смути е совршено за чистење на организмот од токсините, но и за топење на килограмите, а е одлично за кревање на имунитетот.

Ова смути е богато со хранливи состојки, важни витамини и минерали, а не содржи додаден рафиниран шеќер.

Освен тоа, збогатен е со ѓумбир и мача прав (Ситно мелен прав добиен од листовите на зелениот чај) кој е заслужен за подигање на енергијата и за јакнење на имунитетот.

За посебна кремавост на ова смути заслужен е пробиотик јогуртот како база. Заблажен е со урми и полн со антиоксиданти.

Состојки:

1 црвен грејпфрут
1 голем морков
Парче свеж ѓумбир
3-4 урми
1 шолја пробиотик јогурт
1 лажица мача прав
Чиа семе за поросување

Приготвување: 

Исчистете го грејпфрутот од семките, а морковот излупете го па ставете ги сите состојки во блендер и мешајте. По потреба дополнително заблажете со мед и додавајте јогурт додека не добиете смути со саканата густина.