„Смути од пача“

Оние кои дома си прават пача, обично ја прават на ист начин со тоа што состојките се различни од рецепт до рецепт. Но понекогаш можете да експериментирате и со начинот на подготвување. Откако сите состојки ќе се сварат, ставете ги во блендер... Се разбира дека не е баш класично смути, ама не е ни класична пача :-)

0
575

Состојки:

2-3 парчиња од свински нозе

2-3 парчиња телешки нозе

Телешки мускул

Лук по вкус

Ловоров лист

Мајоран

Сол, црн пипер (мелен и во зрна)

2 моркови

Приготвување:

  1. Откако убаво ќе ги измиете, ставете ги нозете во големо тенџере или доколку имате, во експрес-лонец и варете ги заедно со црниот пипер во зрна и неколку ливчиња ловоров лист.
  2. При крајот додадете ги ренданите моркови, лукот, сол, мелен црн пипер и мајоран.
  3. Се заедно измешајте во блендер и поделете ја смесата во неколку садови во кои ќе ја чувате на ладно. (Обично се здрвува преку ноќ ако ја оставите на балкон, на ладно и веќе следниот ден може да се сече на коцки и да се јаде.)
  4. Можете да ја сервирате со сува црвена пиперка.