Со витамини во борба против ракот

Иако витамините не се лекови, се чини дека нивното присуство во организмот, во доволна мерка, значително влијае на забавување на настанокот на некои од најсмртноносните болести на денешницата.

0
465

Дегенеративните болести во кои спаѓа ракот се превенираат со здрава исхрана, а особено со земање дополнителни витамини и други микросостојки, како и со промена на начинот на живот.

Витамините и минералите можат да ни помогнат да се одбраnиме oд секојдневните стресови и пореметувања кои водат во смртоносни и дегенеративни болести. Најмалите дози кои спречуваа настанување на дефицит се значително поголеми од официјално поставените дози, особено за оние витамини кои го штитат телото од стрес и од нечистата околина на кои сме секојдневно сѐ повеќе изложени.

Заради тоа и настапил пораст на дегенеративните болести како што се ракот и кардиоваскуларните болести во однос на минатото. Освен тоа, постојат и многу животни и здравствени околности кои бараат поголема количина одредени витамини и други состојки во исхраната за да може телото да се заштити и доколку тие количини не се обезбедат доаѓа до дефицит.

Во тие околности се вбројуваат стресот, изложувањето на опасни и штетни материи, занимавањето со тешка умствена и телесна работа, занимавање со спорт,  поодмината животна возраст, бременост, доење и многу болести како што се дијабетесот , ракот, инфекциите, болестите на срцетот и крвните жили и хируршките зафати.

Истражувањата покажуваат дека витаминот А ги стимулира речиси сите клетки на одбранбениот систем на телото, го штити телото од вируси и бактерии, ги неутрализира отровите, го стимулира одбранбениот систем на телото и има директно влијание на бројни видови карцином.

Причина за тоа не е само тоа што ја поттикнува работата на многу одбранбени клетки , понекогаш и до 60 отсто, туку влијае и на делбата и диференцијацијата на клетките што е во присутноста на туморите и карциномите пореметено.

Врската помеѓу витаминот А и карциномот е откриена уште во 1926.година кога тим на научници открил дека кај лабораториските животни доаѓа до настанување на рак на желудник доколку се хранат со храна на која ѝ недостасува витамин А.

Консумирањето на дополнителен витамин А може да спречи појава на претканцерогени и канцерогени клетки. Утврдено е дека луѓето кои немаат доволно витамин А во телото имаат повеќекратно поголем ризик од развивање на тумори. Причина заради која примената на витаминот А во лекувањето на ракот не се проширила е неговата релативна токсичносткога се применува во поголеми дози. Но треба да се напомене дека луѓето кои имаат рак многу подобро толерираат големи количини од овој витамин, од здравите луѓе.

Терапијата со ниацин исто така може да го спречи или значително да го редуцира настанувањето на ракот, особено на секундарниот, кој настанува по излекувањето на првобитниот со примена на хемотерапија. Кај луѓето кои консумираат ниацин во поголеми дози од препорачаните, појавата на примарен рак е исто така намалена.

Во лекувањето на ракот и витаминот Б6 се покажал како корисен, како и фолната киселина. Резултатите од истражувањето покажуваат дека фолната киселина има протективна улога против некои облици на рак па дури и тераписка вредност. Постои позитивна пропорционална врска помеѓу статусот на овој витамин во телото и ракот на грлото на матката и колоректумот.

Заради тоа овој витамин понекогаш се користи во медицинската пракса и во превенцијата на рак. Дозите кои обично се даваат се многу големи но фолната киселина не е воопшто токсична па нема опасност од негативни нуспојави.

Изложувањето на штетни материи на работното место може да предизвика штетни промени во структурата на хромозомите и така да доведе до зголемена опасност од рак.

Кога на работниците изложени на халогени етери им се дава витамин Ц, зачестеноста нс оштетувањето на структурата на нивните хромозоми е значително намалена. На пример, тоа важи и за рударите во јагленокопите. Аскорбинската киселина или витамин Ц е добро антимутагено средство.

Нитросамините присутни во конзервираната храна, а присутни во чадот од цигаритесе канцерогени. Витаминот Ц го спречува нивното настанување. Епидемиолошките истражувања покажале дека настанокот на рак на системот за варење е во директно пропорционална врска со висината на нивото на нитрити во храната и во водата за пиење. Во некои земји витаминот Ц се додава во сувомесните производи за да се спречи во нив создавањето штетни нитросамини.

Проценето е дека пушачите би требало да консумираат најмалку 1000 до 3000 милиграми витамин Ц на ден за да ги задоволат основните потреби за овој витамин. Витаминот Ц го штити телото такашто улествува во создавањето и одржувањето на колаген и на одбранбениот систем на телото. Аскорбинската киселина спремно создава комбинации со некои метали и на тој начин ги исфрла од циркулацијата и од телото. На тој начин ја намалува количината на олово, жива, никел и ванадиум кои се многу штетни.

Во лекувањето на некои облици на рак се применува и витамин Д. Се покажал делотворен во спречувањето на метастазирањето на некои облици на рак на бели дробови и рак на простата. Добриот статус на витамин Д е исто така обратно пропорционално поврзан со рак на дојка и дебело црево.

Витаминот Е делотворно го спречува формирањето на некои канцерогени и нивната активност во телото, посебно настанокот на рак на дојка затоа што го поправа лошиот однос помеѓу прогестеронот и естрадиолот, двата важни хормони во телото. Иако витамините не се лекови, се чини дека нивното присуство во организмот, во доволна мерка, значително влијае на забавување на настанокот на некои од најсмртноносните болести на денешницата.

Фото: Pixabey